| четврток, 6 декември 2018 |

Припадник на ИСИС фатен меѓу бегалците во Штудгарт

Al Quds brigades pose in GazaБегалец сместен во азилантски камп во Штудгарт е уапсен под сомнение дека е припадник на Исламската држава, јави германската РТЛ.

Според телевизијата, станува збор за Мароканец кој користел лажен идентитет и бил регистриран како барател на азил. Џихадистот бил откриен откако полицијата открила дека се бара со меѓународна потерница издадена од шпанските власти.

Обвинет е за регрутирање борци за ИСИС, односно тој бил лице за контакт преку кој новите борци добивале инструкции и логистичка помош како да стигнат во Сирија и Ирак.

На социјалните мрежи тој се заканувал на Шпанија со терористички напади.

Во меѓувреме е објавено прво видео на ИСИС во кое германски џихадисти се закануваат со терористички напади во Германија и во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top