Koкологија (од јапонскиот збор „кокоро“ што значи ум или дух) е серија на психолошки игри преку кои можеме подобро да се запознаеме себеси.
Во овој тест потребно е да си замисите дека два гласника (од животинскиот свет) ви заѕвониле на врата. Пораката која ви ја дава едниот вели дека во иднина ве очекуваат среќа и задоволство во животот, додека вториот гласник носи порака која најавува несреќна иднина.
Koja од животните на листата ви донесе добри, а која лоши вести? Одберете различни животни:
Tигар
Куче
Oвцa
Папагал
Желка
Решение на тестот
Животните гласници одговараат на вашето сфаќање за тоа кои типови на луѓе може да ви донесат радост, а кои болка.
Tигар
Добри вести: Сметате дека би биле најсреќни со амбивиозен и силен партнер, кој има непопустлива желба да владее.
Лоши вести: Стравувате од иднина со вообразен партнер, кој се прчи наоколу како господар на џунглата и `ржи на секое наговестување за поделба на домашните обврски.
Куче
Добри вести: Безусловна лојалност и апсолутна верност се особините кои најмногу ги цените кај својот партнер.
Лоши вести: Вие никако не можете да се усогласите со оние кои сакаат секому да угодат и се вечно уплашени што мислат другите за нив.
Oвцa
Добри вести: Среќната иднина ја гледате со партнер кој со многу топлина ќе се грижи за вас.
Лоши вести: Се плашите да не завршите со досадна личност врзана за домот, која се задоволува со тоа секој ден да го помине на истото старо пасиште.
Папагал
Добри вести: Најмногу би ви одговарала зборлеста и забавна личност, што знае како да ве насмее.
Лоши вести: Ништо не би ве нервирало повеќе од брблива мрза, алергична на сите видови на работа.
Желка
Добри вести: Вашиот идеален партнер е сериозен, стабилен и секогаш до вас кога ви треба.
Лоши вести: Можноста да го поминете животот со ужасно бавен и тром партнер, е најстрашниот можен кошмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.