| четврток, 6 декември 2018 |

Трагал по возачот што го прегазил син му, за да дознае дека тој е виновникот

џејми

Британецот Џемји Елисон случајно го прегазил својот 15-месечен син на излезот од нивниот двор, пишува „Дејли мејл“. Таткото не забележал дека удрил во нешто додека двете ќерки ги возел во училиште.
Таткото на четири деца по несреќата, во која неговиот најмлад син А. Ј. е тешко повреден, започнал кампања на „Фејсбук“, барајќи го виновникот. Бил убеден дека момчето го удрил некој несовесен возач кој потоа побегнал.
Џејми тоа утро ги сместил постарите ќерки во автомобилот и тргнал возејќи наназад, несвесен дека син му паднал тешко повреден покрај работ на улицата. Несреќното дете така лежело извесно време додека не го забележал минувач кој повикал итна помош.

Кога полицијата подоцна ја прегледале снимката на околните надзорни камери дошле до шокантнотно откритие.

– Да, тоа бев јас. Ниту го видов, ниту го почувствував ударот. Замислете како се чувствувам. Засекогаш ќе чувствувам вина – изјавил скршениот татко. Тој додал дека момчето добро закрепнува, а по болничкото лекување е испратено на домашна нега.
– За среќа, доволно е млад да го заборави тој ужасен ден. Јас нема никогаш да го заборавам– рекол Џејми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top