Студентите од прва до четвртта година од катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ денеска ги изложуваат своите дела во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка на традиционалната студентска изложба на графика „Драгутин Аврамовски-Гуте“.
Изложбата ќе биде отворена во 20 часот, а во организација на Факултетот, во соработка со Фондацијата која, исто така, го носи името на познатиот македонски ликовен уметник.
На студент или студентка за најдобро изведено графичко дело во учебната 20012/13 година на изложбата ќе му биде доделена еднократна парична награда од Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ и еднократна парична награда од „Сетком трејд“, фирмата која на наградениот ќе му додели и едногодишна стипендија спонзорирана од директорот Драган Младеновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


