Познатата американска олимпијка, Сузи Фејвор Хамилтон (47), водела двоен живот, професионално се занимавала со трчање , но истовремено имала и „блудни ангажмани“ во градот на гревот, Лас Вегас, пренесуваат американските медиуми.
Една година Американката дење трчала, а ноќе била елитна девојка за придружба во Лас Вегас. Таа работела под лажното име Кели Ланди.
Во своите мемоари „Брза девојка: Живот во бегство од болеста“, 47-годишната Сузи, која страда од биполарно нарушување вели дека за нејзината состојба била виновна погрешна дијагноза, погрешно препишани лекови, што само ги влошило нејзините симптоми.
– Сигурна сум дека никогаш не би стана девојка за придружба да не беа тие лекови кои ме направија да бидам многу сексуална. Исто така сум свесна дека имав сексуални односи за пари, па кога ќе кажам дека сето тоа е биполарно однесување, не се обидувам да се оправдам – изјавила Хамилтон.
На летните олимписки игри во Сиднеј во 2000 година, таа намерно паднала и глумела дека е повредена , кога ја претекнале девојките, бидејќи страдала од ниска самодоверба.
– Мојот сон за освојување на олиписки медал беше завршен, и намсето да ја завршам трката, си реков во себе: „Падни“ и во истиот момент паднав. Тоа беше момент по кој се тргна надолу. Тогаш тоа не го знаев , но тоа беше првиот чекор кон дното – истакнала Сузи која по извесно време добила ќерка и западнала во уште поголема депресија.
Потоа следела споменатата „погрешна терапија“.
– Не помина долго време и од лековите почнав да се чувствувам подобро. И тоа не само добро, туку бев во одлична форма. Одеднаш станав поотворена, со сите сакав да разговарам.
За да го спаси нарушениот однос во бракот, Сузи со својот сопруг отпатувала во Лас Вегас. Го наговорила да скокаат со падобран и да пробаат секс во тројка. Неколку месеци подоцна му кажала на својот сопруг Марк дека ја мрзи својата работа и дека сака да се врати во Лас Вегас сама.
Марк знаел што се случува и бил свесен дека животите им одат во различни правци. Прво што направила – поминала ноќ со ескорт придружник.
– Тоа беше исклучително искуство. Пред тоа имав сексуални односи само со мојот сопруг. Се сеќавам дека на тој маж му кажав дека тој е вториот маж со кој сум спиела во животот на што тој ми одговори : „Ох штета! Треба да го правиш ова почесто! И тоа беше моментот во кој се навлеков на тоа – објаснила Сузи.
Таа се вратила дома во Висконсин, но мечтаела во Лас Вегас. И паднало на памет дека и таа може да стане дама за придружба и да заработува од сексот.
Му кажала на сопругот за својата намера, а тој не се сложил, но ја препуштил на нејзината одлука. Сузи му се јавила на сопственикот на комапнија за ескорт придружба и веднаш добила прекар Кели Лунди. Таа почнала да ги рекламира своите услуги на неговата веб-страница и да наплатува по 600 евра на час. Клиентите веднаш реагирале, а Сузи изјавила дека доживеала неверојатно возбудување кога прв пат била платена за секс.
– Тоа не беше можно да се контролира. По првата средба, целосно се изгубив. Сакав уште. Кели ја имаше таа харизма, самодоверба, таа моќ да ги заведе мажите. Тоа ми беше познато – признала Сузи.
Најбизарно во сето тоа е што трчањето не го запоставувала , наспроти блудните ноќи кои ги поминувала.
– Еднаш се случи наутро да истрчам полумаратон, а потоа веднаш влегував во авион за Лос Вегас каде за една ноќ имав секс со пет мажи .
Сузи девет месеци била дама за придружба и на еден рокенрол маратон се појавила со веќе нарушено чувство за реалноста.
– Танцував и викав , бев како луда, а луѓето поминуваа покрај мене и во чудо ме гледаа. Се враќав во својата хотелска соба по дружењето со клиентот, а додека чекав лифт, некој викна :„Еј Сузи“. Помсилив дека тоа е само еден од тркачите на маратонот, но кога се свртев следеше шок. тоа беше сопственик на порталот „Smoking gun“, Вилијам Бастон. Се беше готово, две недели подоцна по таа средба осамна приказна на интернет – признала таа.
Дошло време Сузи да се лекува. Добила дијагноза дека има биполарно нарушување, од истата болест боледувал и нејзиниот брат кој се самоубил. Биле потребни години Сузи да се врати во нормален живот. Таа признала дека се уште ги чува бројните подароци кои ги примала додека била дама за придружба.
– Тоа ме потсетува на сексот и на сите оние луди работи кои ги правев. Никогаш нема да чувствувам срам за ништо. Бидејќи тоа беше болест, а беше големо и тешко достигнување да не чувствуваш срам поради болеста – заклучила Сузи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Парагвајската фрлачка на копје е најубавата олимпијка
-
„Брзата девојка“ ги објави своите мемоари: Преку ден трчав маратони, навечер работев како проститутка во Вегас
-
Приказна која го плени Холивуд: Исра Мардини е се само не обична олимпијка
-
Хрват жртва на насилство и грабеж од страна на Македонец и лажна проститутка