| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват жртва на насилство и грабеж од страна на Македонец и лажна проститутка

Кога 43 годишниот Д.Г. од околина на Загреб кон средина на декември решил среде бел ден сексуално да се загрее со 18 годишна девојка која му понудила уживање за 500 куни ( околу 65 евра) не ни насетувал дека на крајот ќе стане жртва на разбојништво на тројца мажи кои на крајот му одземале повеќе од 5500 куни (повеќе од 700 евра).

01-prostitutki-34-2D9Y9CD

Иако сите четворица се разбегале после получасовно малтретирањето на Д.Г, полицијата во рок од 6 дена успеала да му влезе во траг на Македонецот И.С.(44), на кого загребскиот истражен судија му одредил притвор поради опасност од бегство и повторување на делото. Набрзо потоа е уапсена и девојката, додека пак до другите двајца разбојници сеуште се трага.

Како што пренесува „Јутарњи лист“, на 15 декември околу 15 часот во кафулето во близина на автобуската станица во Загреб, девојка на возраст од 18 години му пришла на Д.Г. кој наводно го познавала од порано. После краткиот разговор, се договориле за сексуална услуга за 65 евра. Го одвела во поткровјето на една напуштена куќа на Супилова улица. Штом влегле го ходникот, ги пречекале тројцата напаѓачи. Македонецот го имал главниот збор, иако и другите двајца разбојници викале. Го навредувале како можел да се осмели да користи туѓа девојка, бидејќи наводно девојката била во врска со еден од нив.

Потоа еден од нив му се заканил со нож, барајќи да извади се од џебовите. Поради страв Д.Г. воопшто не реагирал, па еден од нив му ја проверил облеката и торбата, а другиот го држел за да не побегне, а Македонецот го удирал со летва. Му го украле паричникот, возачката дозвола и рачниот часовник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top