| четврток, 6 декември 2018 |

„Брзата девојка“ ги објави своите мемоари: Преку ден трчав маратони, навечер работев како проститутка во Вегас

Успешна спортистка и олимпијка порано живеела двоен живот, во текот на денот била спортска ѕвезда, а навечер елитна проститука која во една ноќ се среќавала и со десет мажи.

Сузи Фејвор Хамилтон денес има 47 години, а три пати ја претставувала Америка на Олимписки игри. Сите нејзините спортски достигнувања паднале во вода кога таа во своите мемоари открила дека после полноќ „се претворала“ во Кели Линд, проститукта во Лас Вегас.

Во своите мемоари “Брза девојка” таа открива шокантни детали од својот живот. Всушност, се започнало кога со нејзиниот сопруг одлучиле да ја прослават годишницата од бракот во Лас Вегас. Тогаш, Сузи го присилила сопругот да скокаат со падобран и да имаат секс со уште една непозната личност.

Откако се вратиле од Лас Вегас, Сузи постојано била немирна, бидејќи не можела да престане да размислува за повозбудлив и поразличен живот. Таа се вратила во Лас Вегас, сама. Изнајмила партнер и поминала незаборавна ноќ. После таа ноќ почнала да размислува и таа да го работи истото.

– Пред таа вечер во целиот мој живот, имав односи само со мојот сопруг. Му кажав дека непознатиот маж со кој спиев ми е втор сексуален партнер, а тој ми рече дека тоа е штета и требало да го правам тоа често. Тогаш се навлеков, вели поранешната спортиска.

Во мемоарите вели дека тој период за неа бил многу тежок, бидејќи сопругот знаел што прави таа, но не можел да ја спречи.

– Погрешно ми е дијагностицирано биполарно пореметување, па се лекував на погрешен начин, а лековите кои ги употребував ми ја влошија здравствената состојба. Имаше денови кога наутро трчав маратони, потоа ќе се качев на авион и се среќавав со пет мажи во Лас Вегас. Тоа што работите се разоткрија, испадна дека е најдобрата работа која ми се случила во животот. Така започнав да се лекувам и да се ослободам од овој начин на живот, признала Сузи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top