| четврток, 6 декември 2018 |

Приказна која го плени Холивуд: Исра Мардини е се само не обична олимпијка

plivackaВо моментот кога ќе го слушне сигналот и ќе скокне во олимпискиот базен во Рио де Жанеиро, Сиријката Исра Мардини (18), нема да биде под притисок како останатите пливачки.

Таа е се само не обична тинејџерка и пливачка. Ќе плива за репрезентацијата на бегалците во Рио де Жанеиро и за резултат, а не за својот живот и животот на сестра си, како кога завршија во ладното Егејско море, откако сред патување им откажа моторот на чамецот.

Исра во Сирија тренираше гимнастика и пливање. Обожуваше да плива, а татко и беше тренер по пливање. Нејзините резултати ветуваа, но војната го прекина нејзиниот напредок. Во еден момент се се преврте наопаку, а кога една граната ја погоди нејзината куќа, семејството одлучи да побегне од Сирија.

-Моравме да си заминеме.Знаевме дека ќе биде опасно и дека можеме да загинеме по пат. Но, веќе бевме мртви во својата земја. Ништо не можевме да направиме, зборува храбро Исра, која побегна со постарата сестра Сарах и двајца роднини од странаа на нејзиниот татко.

Стигнале до Либан и Турција од каде требаа со брод да отпатуваат за Грција, односно го следеа патот кој пред нив го минаа четири милиони избеглици. Пронашле брод и мислеа дека веќе се слободни, но не беше се така розево како што изгледаше.

Кога се расипал бродот настанала паника. На бродот само Иста, нејзината сестра и уште една жена знаеле да пливаат. Сите мислеле дека ќе се удават. Но, тие без размислување, влегле во морето и го буткале чамецот четири часа, се додека не стигнаа на островот Лезбос.

Беа многу исцрпени. Со секој бран кој удираше во бродот ја губеа силата. Но, не се откажаа. Да не беа тие , најверојатно сите би се удавиле или би умреле од жед. Но, ова не беше крај на нивните маки на патот кон подобар живот.

Кога конечно стигнаа на копно, беа немоќни, уморни, гладни и жедни. Иако загубија поголем дел од работите, успеаја да ги зачуваат парите и веднаш тргнаа по вода и храна.

-Видовме некои ресторан во Грција и влеговме само за нешто да се напиеме. Бевме ужасно исцрпени. Но, не ни дадоа, бидејќи мислеа дека ќе украдеме нешто од нив. Но, им кажавме дека имаме пари, меѓутоа воопшто не сакаа да не слушаат, вели Исра.

-Бевме дваесетина луѓе на бродот. По половина час ни откажа моторот. Ги загубив сите работи, облеката, дури и патики немав, вели 18 годишната Сиријака од Дамаск.

Бродот бил наменет за шест, седум луѓе, а внатре имаше три пати повеќе.

По некое време се смилуваа и ни дадоа да купиме вода. Не виде една девојка и ми ги подари патиките и облека, откри сиријската пливачка.

-Многумина мислат дека избелиците немаат дом, дека немаат ништо. Понекогаш се чудат кога ќе извадам Ај – фон. Мислат дека таму

Исполни олимписка норма и се пласираше на Игрите во Рио.

-Многумина во мене гледаат инспирација и не планирам да ги разочарам. Сакам да покажам дека ние не сме само жртви, туку и дека можеме да постигнеме нешто. Ни сме како и сите други, изјави Исра, која сега живее во Берлин и сонува за медал на Олимписките игри.

Таа во Рио ќе настапи на трката на 100 метри слободно и делфин.

-Ќе ги претставувам сите бегалците во Рио и ќе покажам дека по страдањето, доаѓаат мирни денови. Сакам да ги инспирирам да направат нешто добро во својот живот, додаде храбрата пливачка за чија приказна се заинтересира и Холивуд, па наскоро би можело да биде снимен и филм за нејзиниот живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top