Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по шести пат во неговата кариера ќе настапи во завршниот меч на Грен слемот во Њујорк, каде противник ќе му биде Рожер Федерер.
Ѓоковиќ ноќеска за нешто помалку од 90 минути го победи актуелниот шампион на УС Опен, Марин Чилиќ од Хрватска со 3-0.
Првиот светски рекет на противникот му препушти само три гема. По сетови резултатот беше 6:0, 6:1 и 6:2. Воедно, ова беше 14-та победа за Ѓоковиќ во исто толку меѓусебни дуели со Чилиќ.
Во второто полуфинале се случи швајцарска пресметка меѓу Федерер и Стан Вавринка. Поискусниот беше убедлив со 3-0, по сетови 6:4, 6:3 и 6:1.
Мечот за трофејот е закажан за утре од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.