| четврток, 6 декември 2018 |

Почна претседателската трка во Венецуела

 Претседателската трка за наследник на Уго Чавез стартуваше вчера во Венецуела. Кандидатите Николас Мадуро и Енрике Каприлес најавија дека во следните десет дена ќе ги посетат сите 23 држави.

Мадуро, кој беше назначен од Чавез за негов заменик пред да почине, ја почнува кампањата од родниот град на починатиот лидер, Сабанета. Неговиот противкандидат, пак, отпатува на другиот крај на земјата во државата Монагас.

Пред почетокот на кампањата, двајцата кандидати си разменија обвинувања и ја поделија земјата на приврзаници на социјалистичката револуција на Чавез и оние кои го обвинуваат поранешниот претседател за водење строга воена тактика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top