Португалскиот стратег на клупата на Зенит, Андре Вилјаш-Боаш е подготвен да си замине од редовите на рускиот шампион Зенит на крајот од оваа сезона.
Тој имаше понуди од големи европски клубови и ова лето, но клубот не го пушти да си замине од Санкт Петербург, со оглед дека има актуелен договор. Сепак, тој е решен да ја замени Русија со некоја друга европска земја следното лето.
Иако е актуелен шампион во Русија и ужива голема доверба од управата на клубот Вилјаш Боаш сеуште има проблем со аклиматизацијата во руското првенство а докаж за тоа е последната суспензија од шест натпревари бидејќи го нападна четвртиот судија на натпреварот против Крилја Совјетов.
Во актуелниот руски шампионат, Зенит во моментот се наоѓа на третата позиција со 15 освоени бода, шест помалку од лидерот ЦСКА Москва, по седум одиграни кола.
Во сабота се игра големото дерби меѓу ЦСКА и Зенит и ова е шанса за актуелниот шампион со евентуална победа да му се приближи на лидерот на табелата на само три бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Повеќе од илјада пожарникари учестуваат во гаснењето на пожарот во Португалија
-
Португалија се подготвува за пеколен бран: Следуваат денови со температури од 45 степени
-
Неверојатно: Селекторот на „сомбрероси“ на натпреварот ја донел и жената и љубовницата


