Португалските власти мобилизираат засилување на противпожарните служби пред доаѓањето на топлотниот бран со цел да се избенат пожари како минатата година кога загинаа 112 луѓе.
-Оваа година ќе имаме 10 илјади луѓе кои што ќе бидат подготвени за реакција на територијата на целата земја- изјави протугалскиот министер за внатрешни работи Едуардо Кабрита, кој што порача дека се формирани големи екипи од пожарникари, доброволци, полицајци и војници.
Според неговите зборови, Португалија сега располага со двојно повеќе припадници на структурите за итни интервенции, односно од 500 на 1050 луѓе.
Се очекува целиот Пиринејски полуостров да биде погоден од пеколен топлотен бран оваа седмица. Се проценува дека речиси најголемиот дел од Португалија, како и јужна, западна и централна Шпанија ќе бидат погодени од температури повисоки од 40 Целзиусови степени, а во одредени делови температурите ќе се искачат и над 45 степени.
Метеоролозите прогнозираат дека ситуацијата на Пиринеите ќе биде најкритична од четврток до недела. Освен што ваквите временски услови се опасни по здравјето на луѓето, таквите услови се идеални за предизвикување и ширење на пожари.
Инаку, со невообичаено високи температури се носи и северот на континентот. Во текот на викендот беа измерени над 30 Целзиусови степенина самиот север од Норвешка, а на некои мерни места температурата не се спуштила под 20 Целзиусови степени, што значи дека и Скандинавија има своја тропска недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.