Белгискиот репрезентативец и голман, се повреди на тренинг за својот клуб Челси, веднаш откако се врати од репрезентативните обврски за својата земја.
Тој ќе отсустува од терените најмалку два месеца, откако во дополнителните медицински прегледи е констатирано сериозно истегнување на лигаментите на коленото.
Нема да биде потребна операција за санирање на оваа повреда, меѓутоа Куртоа нема да може да застане меѓу стативите во наредните осум седмици. Според некои проценки, паузата би можела да биде и поголема, дури и до четири месеци.
Оваа информација е секако шокатна за менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо, затоа што од почетокот на сезоната во Премиерлигата неговиот тим не игра на посакуваното ниво како од минатата година. Досега Челси има освоено само четири бода во исто толку натпревари и веќе сериозно заостанува на табелата зад главниот ривал Манчестер Сити, кој досега има стоотстотен учинок.
Челси в сабота му гостува на Евертон, а Тибо Куртоа сигурно нема да биде во составот. Голот на Челси ќе го брани Асмир Беговиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



