Џихадистичката група Исламска држава (ИД) тврди дека киднапирала еден норвешки и еден кинески државјанин и бара откуп за нивно ослободување.
ИД на Интернет објави фотографија од двајцата мажи, кои се облечени во жолти затворски униформи. Норвежанецот е претставен како Оле Јохан Гримсгард-Офстад (48) од Осло, а Кинезот како Фан Џинхуеј (50) од Пекинг.
Норвешката премиерка Ерна Сулберг во соопштение потврди дека норвешки државјанин е киднапиран во Сирија.
– Тоа е тежок и сложен случај. Правиме напори да го вратиме својот сограѓанин жив и здрав во Норвешка. Не смееме да потклекнеме на притисокот од терористи и криминалци. Норвешка не плаќа откупи, нагласи Сулберг, нагласувајќи дека животот на останатите Норвежани ќе биде во опасност доколку Осло ги исполни барањата на киднаперите.
Во врска со овој случај формиран е специјален кризен штаб со учество на дипломати, воени лица и луѓе од специјалните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Измамник го купил Милан: Рудници нема, семејството му било во затвор, во Кина никој не го знае
-
Кинез се скара со македонското знаме