| четврток, 6 декември 2018 |

Кинез се скара со македонското знаме

Британскиот комичар и покер-играч Кен Ченг на Твитер сподели фотографии од знамиња на повеќе држави во светот. Тој дава свое видување на она што е прикажано на државните симболи. Секако, неговото видување е навредливо и зајадливо. Ченг не пропушти да каже збор-два и за македонското знаме.

Македонија

“На знамето на Македонија се наоѓа сончева супернова која доведува до уништивање на човечката раса“

Србија

„Што е ова, сијамски птици? Такво нешто не постои“.

Хрватска

„Хрватска, хм, ова е кујнска ракавица“.

Црна Гора

„ШКК, уште една! Црногорската птица има две глави, но една круна која пртиците се обидуваат да ја балансираат на своите глави“

БИХ

„Во ова не сте вложиле труд, дури ни ѕвездите се исечени на врвот и на днотот како да е дел знамево од поголемо знаме“.

Кинез по потекло, Ченг се замери и со знамето на Кина кога го коментира знамето на Виетнам.

„Абе ајде, да сакав да го гледам ова срање, ќе блеев во кинеското знаме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top