Следната среда, на 16 септември, во книжарницата „Култура“ на плоштад Македонија, новинарката Лејла Сабит ќе ја промовира својата втора книга, насловена како „VIP–новиколумниналејласабит“.
Луксузното издание опфаќа 260 колумни.
Во нејзината рецензија Гордана Михаилова-Бошнаковска вели дека овие колумни покажуваат колку, како новинар, Лејла Сабит се движела низ ходниците на животот, во повеќе области од живеењето.
– Опсерваторската моќ на авторката ја одразува нејзината длабока нурнатост во она што го обликува животот, пришто се истакнува нејзиниот распон од разнородни и богати сознанија, како карактеристика на нејзината публицистичка личност – пишува Михаилова-Бошнаковска
Читателите ќе можат да ја купат новата книга на сите продажни места на „Култура“ веќе од следниот четврток.
„VIP – новиколумниналејласабит“ е во издание на издавачката куќа Култура, а е поддржана од „Еуролинк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски