По повеќечасовниот состанок во Владата вчера заврши координативната средба на кој министри, директори на јавни претпријатија и градоначалници брифираа за степенот на реализација на барањата и проектите кои ги побараа граѓаните при средбите со нив кои премиерот Никола Груевски со неговиот тим ги оствари во претходните неколку недели. Се чешлаше секој проект и барање одделно, како и што е направено за негова реализација.
Беа договарани рокови, динамика, рамки за реализација .
Во однос на изградбата на два крака од водоводот од Ростуше градоначалникот на Маврово Ростуше Мукрем Мехмеди брифираше дека има постапка и следи распишување на тендер, и за нецел месец ќе биде завршен овој проект.
-Се работи за должина од околу 900 метри со ф-63 и ф-50 црево. Имаме постапка и чекаме согласност од Советот за јавни набавки, би требало оваа недела да ја добиеме таа согласност и да објавиме тендер. Мислам дека за нецел месец тоа ќе го завршиме, истакна Мехмеди.
На состанокот беше повикан и преставник на компанијата ЕВН поради поплаките на граѓаните од честите прекини со снабдување на електрична енергија. Преставникот на ЕВН објасни дека тоа е резултат на големтото невреме минатата година по што е извршена санација на оштетената мрежа, но и дека се планираат дополнителни инвестиции.
-Зимава имавме проблеми. Сите поправки на постоечкта мрежа се реализирани 100 проценти. Дури и она што е направено како дополнителна инспекција и воочени можни недостаточни места, веќе се работи на отстранување и на нив. Во транформаторската станица веќе е воспоставен 20 киловолтен напон, се работи на продолжување на таа траса, се работи доста. Имаме планови, 35 киловолтиот напон е целосно саниран. Во моментов има капацитети. Она што како ЕВН не интересира е идните планови да можеме да ги внесеме во потребите, вели претставникот од ЕВН.
За подрачнато основно училиште Дитурија во населеното место Љубин беше договорено од идната година да се изврши замена на мебел, санација на санитарните јазли и системот, а наставни помагала ќе се обезбедат до крајот на оваа година.
-Ова подрачно училиште ќе биде ставено во фаза во 2016. Беа стручна екипа од Министерството на терен. Мебелот ќе биде ставен во план за набавка за следната година. Најнеопходно се санација на санитарните јазли и системот на греење, тие две ќе бидат реализирани во 2016, се договоривме со месното население вклучително и мебелот ќе биде реализиран. И наставните помагала, се ќе им биде реализирано како што се договоривме, очекувам до нова година, во постапка се, нагласи заменик министерот за образовани Спиро Ристовски.
-Јас сум многу благодарен и за патот кој е направен од околу 4 километри, голема инвестиција. Тоа е веќе решен проблем, истакна Садики.
Меѓудругото договорено е другата недела да се започне и со асфалтирање на улиците во Батинци кои ги побараа граѓаните.
-Улица 300+200 метри, потпишан договор со Дрисла и ЈП „Улици и патишта“ на 11 септември ќе почне асфалтирање и ќе се завршат некаде до крајот на септември, истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
-Жителите се бунат и ги погодува тоа што три концесии се доделени, имаат голем проблем со камиони кои им одат низ селото, им пукаат куќите, патот масовно се оштетува. Бараат да им дадеме на друго место концесија за песок и чакал. Да им најдеме друго место на тие што имаат концесија за песок и чакал, ова да се затвори. Мислам дека ние зпочнавме некои процедури за измена на закон, да може во вакви случаи да им се додели друго. Луѓето што ги имале концесиите начелно биле согласни, истакна премиерот Груевски.
А со детално разгледување на барањата беа договорени и повеќе конкретни активности за Центар Жупа.
– Спортската сала во 2017-та, реконструкцијата на патот од Центар Жупа кон Вапа на 11 октомври почнува да се асфалтира, тендерот е распишан. Градоначалникот дојде во Министерството за транспорт го достави проектот, ако одобри банката за два месеци завршување со тендер и почнуваме со градба за решавање на проблемот со намалениот притисок на вода во Центар Жупа, се договараше на состанокот.
На повеќечасовниот состанок детално беа разгледувани и проблемите за кои жителите го информираа премиерот и при неговата посета на Старо Нагоричане, за каде покрај договорената динамика за реализација на повеќе инфраструктурни проекти, се разговараше и за проектот за интернатот во оваа општина за што беше побарано општината да го корегира проектот и да го достави до Министерството за образование, а истовремено на барање на премиерот Груевски се договори и изработка на проект со детален акционен план за локалитетот Кокино, како посебен проект за збогатување на туристичката понуда во овој регион.
Беа разгледувани останатите проекти од другите општини кои ги посети премиерот Груевски со владините министри. Училишта, патишта, водоводни системи, индустриски зони на општините, осветлување, лични проблеми посочени од граѓаните се дел од точките за кои се разговараше. Ваквата пракса ќе продолжи и во иднина со цел наоѓање на решение на вистинските потреби на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.