Затвореник, за кој се смета дека е вооружен и опасен, денеска го задржа како заложник заменик -директорот на еден затвор во северниот дел на Франција, соопштија француските власти.
Инцидентот се случил околку 11 часот во изолираниот дел на затворот „Вендан ле Виеј“ во француксиот регион Па де Кале.
Во соопштението на француските власти се наведува дека во затворот пристигнале припадници на специјалната полициска единица, со цел „да преговараат со киднаперот, кој најверојатно е вооружен, а по потреба и да интервенираат“.
Засега нема инфомации за мотивите на затвореникот за ваквата постапка, како ни дали тој има некакви барања за ослободување на заложникот. „Вендан ле Виеј“ е затвор со висок степен на безбедност, кој е пуштен во употреба лани во септември.
Според француското Министертво за правда, во оваа затворска установа се сместени затвореници кои се осудени на долги казни затвор, поради што објектот може да се пофали со „високософистицирани безбедносни карактеристики“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.