| четврток, 6 декември 2018 |

Во Мелбурн промовиран роман на Вера Бужаровска

Во книжарницата Reader’s Feast во Мелбурн на 5-ти септември се одржа промоција на романот „Акчилница“ од македонската писателка Вера Бужаровска, во англиски превод на Пол Филев, а во издание на издавачката куќа Сагуаро Прес.

На промоцијата настапи Македонскиот женски хор на Австралија, а за романот зборуваа Пол Филев, Џим Хлавач и Румена Бужаровска.

Овој моќен автобиографски роман од пораното творештво на Вера Бужаровска го опфаќа нејзиното детство во Битола на почетокот од Втората светска војна, а ги тематизира класните разлики и етничката шареноликост на градот пред депортацијата на Евреите низ призмата на единаесетгодишно девојче.

Вера Бужаровска (1931–2013) е авторка на повеќе од четириесет прозни и поетски дела, а објавувала и детска литература.

Пол Филев е преведувач, уредник и блогер од Мелбурн. Преведува од македонски, шпански и англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top