Наркобаронот Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо, пред два месеци избега од затвор со максимално обезбедување и оттогаш е еден од најбараните криминалци во светот.
Но можно е еден од неговите синови несакајќи да ја издаде локацијата на криење на својот татко.
Имено, Хесус Алфредо Гузман (29) сподели фотографија на својот Twitter профил од него и двајца мажи, но половина од лицата им ги скри со помош на додавање ефекти на фотографијата. Но и покрај тоа, се забележува дека едниот од мажите несомнено личи на неговиот татко. Проблемот со овој твит, наменет за задевање со властите, е тоа што Хесус очигледно заборавил да ја исклучи опцијата за геотагирање на телефонот и на самиот твит мрежата го лоцираше во Костарика.
Овој твит се покажа доволен повод за властите од Костарика да објават дека ја насочуваат истрагата по Ел Чапо во оваа држава, бидејќи ова е прва трага која навестува можна локацијата за криминалецот по неговото бегство од затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.