Адвокатите на мексиканскиот нарко-бос Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, тврдат дека неговото ментално здравје е влошено во американскиот федерален затвор во Њујорк и дека тој почнал да халуцинира.
Адвокатите ова го навеле во нивното барање за психолошка проценка која веќе ја доставиле до судот, а судијата дозволил во неговата келија да дојде психолог за да го прегледа.
– Меморијата му е лоша, не памети многу работи. Не сакам да дојде до точка во која тој повеќе нема да може да и помогне на одбраната, изјавил еден од неговите адвокати, Едуардо Баларезо.
Според нив, тој повеќе не може да се сети на многу луѓе, но и места, параноичен е, и вели дека владата ја снима неговата келија. Американскиот судија Брајан Коган го одобрил прегледот, дозволил единствено разговор преку стакло без никаков физички контаткт.
Ел Чапо беше префрлен во САД во јануари, а се изјасни како невин за обвинувањата дека шефувал со нарко-картелот Синалоа, меѓународната криминална банда одговорна за криумчарење дрога вредна неколку милијарди долари, но и за убиства и киднапирања.
Според сведочењето на една од сопругите на големи трговци со дрога кои соработувале и дружеле со Ел Чапо, тој многу се грижел за себе. Спротивно на она што сите го мислеле за него, Ел Чапо никогаш не консумирал дрога, ниту алкохол, и постојано пиел разни витамини и додатоци во исхраната.
– Беше навистина насилен, сите се плашеа од него. Не мораше да вика, само ги гледаше луѓето и ги посматраше, како да гледа низ нив. Анализираше се, секој изговорен збор, сечие однесување, бидејќи во тој бизнис, велеше дека на никој не може да му се верува, изјавила сопругата која е заштитен жената во неговото судење.
Таа додале дека сигурно многу тешко му паднало тоа што нејзиниот сопруг и неговиот брат давале информации на полицијата за неговите зделки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија