Убиен е еден од босовите на Сицилијанската мафија, 67-годишниот Џузепе Диноти. Според очевидците, познатиот криминален лидер Диноти бил застрелан изутринава во Палермо додека возел велосипед на улиците низ градот.
-Не знаев за што се работи, мислев дека деца фрлаат петарди, а потоа видов мртов човек како лежи врз локва крв, а потоа дојдоа полицијата и итната помош – вели сведок на случувањето.
Диноти бил застрелан во главата, најверојатно, од убијци кои биле на мотоцикл. Според истрагата, убиството е дел од борбата меѓу различните кланови на Козаностра.
Диноти беше уапсен во 1991 за кражба на банка, прво уапсен за доживотна казна, но потоа намалена на 30 години затвор, а излезе три години пред истек на третата деценија.
Според локалните медиуми, во коментарите на денешниот атентат, се нагласува дека мафијата се вратила на островот. Медиумите потсетуваат и на годишнината од атентатот на обвинителот Џовани Фалконе, на 23 мај 1992 година со експлозија на блиндираното возило во кое загинаа и неговата сопруга и тројца чувари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка