| четврток, 6 декември 2018 |

Се трага по милијардите на Ел Чапо – Полицијата не може да најде ниту еден долар

capo

Пред мексиканскиот „крал на дрогата“ – Хоакин „Ел Чапо“ Гузман да биде уапсен минатата година и предаден во САД во јануари, се проценуваше дека неговото богатство заработено за 30 години продажба на дрога вреди околу 14 милијарди долари, пишува РТ.

– До ден денес американските власти не успеаа да најдат ниту еден долар од богатството на Ел Чапо. Неговите пари не се пронајдени затоа што тој не користел некаков финансиски систем, туку своите пари ги чувал исклучиво во кеш, потврдил мексиканскиот државен обвинител Раул Сервантес во интервју за мексиканска полиција, пренесува „Ројтерс“.

Тој открил дека единственото што било пронајдено се помали средства кои ги користела криминалната група на „Ел Чапо“, но сепак тешко било сето тоа да се поврзе со озлогласениот мексикански криминалец.

ccapo

„Ел Чапо“ како лидер на „Синалоа“ – нарко картелот кој моментално е еден од најголемите на светот, го очекува судење за 17 кривични дела и се наоѓа во затвор со максимална безбедност во САД. Пред тоа, тој два пати побегна од затвор додека беше во Мексико.

Моментално се води дебата околу неговото богатство, а Алехандро Хопе, експерт за безбедност во Мексико тврди дека објавената сума на пари не е само обично нагаѓање.

– Без разлика дали парите постојат или не, Американците ги сакаат за себе, а Мексико од друга страна не сака тие пари да ги препушти на други, туку исто така сака да ги задржи за себе, тврди тој.

Ова за магазинот „Форбс“ го потврди и американскиот експерт за случувањата во Мексико, Брус Багли кој исто така напомена дека Мексико како држава има единствено право на тие пари, доколку некогаш успеат да ги пронајдат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top