Селекторот на Македонија, Марјан Срибиновски е презадоволен од победата над Холаднија од 78-71 во рамките од второто коло Евробаскетот во групата Ц што се игра во Загреб, фалејќи ги своите избраници за одличното издание против „лалињата“.
– Големи честитки до моите играчи, денеска изгинаа на теренот во текот на целиот меч. Ова е начинот на кој треба да игра Македонија до крајот на ова Европско Првенство. Ова беше продолжение на нашата добра игра од првите три четвртини со Грција. Вака треба да играме, со ладни глави и со големо срце, очекувам да продолжиме во ист стил – изјави Марјан Србиновски.
Владо Илиевски и Ричард Хендрикс не беа на посакуваното ниво поради болест и повреда на дуелот со Грција, но затоа денеска беа меѓу најзаслужните за големата победа.
„Таквите играчи од таков калибар секогаш очекувате да направат нешто на терен. Илиевски прими инфузија и одигра одлично. Истото важи и за Хендрикс, тие се носители на нашата игра и вакви партии се очекуваат од нив – додаде македонскиот селектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.