| четврток, 6 декември 2018 |

Маестрално прво полувреме на Македонија против Холандија (43-31)

FIBA EuroBasket 2015

Македонската кошаркарска репрезентација во моментов го игра вториот натпревар на Евробаскетот 2015 што се игра во Загреб. Противник е Холандија која денеска посакува и втора победа откако во првото коло минимално славеше над Грзуија со 73-72.
Сепак „црвено-жолтите“ кошаркари одиграа одлични 20 минути и по првото полувреме водат со високи 12 кошеви разлика (43-31).
Избраниците на селекторот Марјан Србиновски се чувствува дека добро ја сфатиле лекцијата од вчерашниот висок пораз од Грција и во натпреварот кој можеби најмногу значи во групната фаза посакуваат да дојдат до победата и со еден чекор да се пласираат во осминафиналето.
Во нападот одлично функицонира шутот за три поени, додека во одбраната освен проблемите со дефанзивниот скок сите кошаркари кои влегоа во игра многу работат и лесно се движат по теренот.

FIBA EuroBasket 2015

Капитенот Илиевски одигра солидно за разлика од вчерашниот натпревар на кој настапи со температура, и покрај шесте поени ги разигра и високите играчи од кош. Конечно проработи и Ричард Хендрикс кој е лидер во нашиот состав со 10 коша и пет скока.
Александар Костовски е повторно на висина на задачата со осум поени, а Војдан Стојановски е нерешлива енигма за „лалињата“. Македонија успеа да погоди седум тројки од 15 обиди што е доста висок процент, кој посакува да продолжи и во вториот дел од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top