Македонската кошаркарска репрезентација првиот натпревар на Европското првенство во групата Ц го игра против Грција. По првите две четвртини избраниците на селекторот Марјан Србиновски имаат негатива од седум поени (31-38).
„Црвено-жолтите“ добро го отворија резулатот и по само две минути имаа предност од 7-1 по што грчкиот селектор мораше во раната фаза од мечот да побара тајмаут за да ги среди своите редови.
По ова грчката репрезентација заигра понагажирано во одбраната и со неколку колеши од втора шанса направи серија од 18-2 и дојде до највисоката двоцифрена предност најпрвин од 19-9 па потоа и од 21-11.
Сепак Србиновски со неколку измени во петорката се обиде да го наруши ритамот на противникот и со двете тројки во серија браќата Стојановски дојде до опиплива предност. Со кошот на Хедрикс Македонија се доближи на само еден негатива и се чинеше дека лесно фати приклучок на мечот.
Грците повторно со неколку полуконтри се одлепија за на да на полувремето заминат со опиплива предност од седум коша.
Најслабата страна во нашиот состав е скокот под обрачите бидејќи нашите кошаркари имаат 15 скока наспроти 23 на Грција.
Најефикасен во нашиот табор е Александар Костоски со осум поени, а по него следнат Бојан Траковски со шест, Војдан Стојановски и Влатко Илиевски со пет коша.
Во вториот дел се очекува да проработи и центарската линија и да имаме можност да се бориме до крај за победата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.