| четврток, 6 декември 2018 |

Перуничиќ: Ми се допаѓа карактерот на македонските ракометари

Не ме изненади ремито на Македонците против Русија и сосема заслужено освоија бод. Баќушките беа фаворити, но нашите јужни соседи покажаа карактер. Таа нивна особина многу ме бендиса – вели легендата на српскиот ракомет, во анализа за српскиот спортски весник „Журнал“.

Перуничиќ беше извонреден бек со импресивна кариера и  настапуваше за најголемите европски клубови од рангот на Кил и Барселона.

„Малку на Македонците им помогна и глупоста на Растворцев, со исклучувањето во финишот на мечот, но подвигот е голем. Македонците имаа голема негатива во второто полувреме, ама мене не ме чуди што се вратија. Борбеноста и карактерот им дадоа крилја да се вратат и да се изборат за реми“ вели популарниот Перун.

За новинарите на Журнал нашето десно крило Гоце Георгиевски е јунак на вчерашниот ден на СП во Шпанија. Тој го даде израмнувачкиот гол за 29-29 против Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top