| четврток, 6 декември 2018 |

Северина го запишала синот во градинка, Милан ја тужи

севе

Српскиот „крал на бакарот“, Милан Поповиќ (49) ја тужел хрватската пејачка Северина Вучковиќ (43), бидејќи нивниот тригодишен син Александар го запишала во градинка, без претходно да се консултира со него ниту, пак, го информирала за тоа, пренесува хрватскиот портал „Нет“.
Поранешната двојка воопшто не контактира, а сè што е поврзано за синот договараат нивните адвокати. Северина го запишала Александар во приватна градинка, недалеку од својот стан, како и од куќата на Милан во Загреб.

Градинката чини околу 400 евра месечно, од што градот плаќа нешто помалку од половина од сумата. Има базен, парк, солена соба, а децата во неа учат англиски. Милан им забранил на адвокатите да даваат изјави, бидејќи заклучил дека тоа не е добро за детето.

Во загрепскиот Општински суд Северина и Милан ги чекаат уште два спора, кои српскиот бизнисмен ги покренал во еден месец.

Прво барал синот да го гледа почесто, двапати по пет дена во месецот, а во другата тужба бара Александар да живее со него и Северина да му плаќа 460 евра алиментација.

Мајката во тој случај би можела да го гледа Александар секоја втора седмица од среда до недела. Судот решил да ги спои тие две тужби во една, а новото рочиште сè уште не е закажано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top