| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиевски: Не се задоволуваме со вчерашниот бод, сконцентрирани сме на Данците

goce gorgievskiПрекрасно е чувството по вчерашната средба со Русија, на која се изборивме за нов бод и таа секако дека ги подигна и атмосферата и самодовербата кај сите нас во репрезентацијата. Но ние немаме намера да се задоволиме со досега оствареното и се подготвуваме за големиот петочен предизвик – дуелот со Данска. Целосно сме фокусирани на таа средба, гледаме видеоснимки од нивните натпревари, ја анализираме нивната игра, која е препознатлива по брзата транзиција од одбрана во напад, што најчесто резултира со постигнување лесни голови. Тоа е нивното основно оружје, а ние ќе сториме сѐ за да ги оневозможиме во нивната намера. Ако успееме во тоа, можеме да се надеваме на поволен резултат – вели Гоце Георгиевски е еден од јунаците на вчерашната средба против селекцијата на Русија и е стрелец на израмнувачкиот гол, кој ѝ донесе голема радост на македонската јавност.

Во неговото интервју за сајтот на Р.К. Металург, неговиот матичен клуб тој зборува за голот кој го даде на 17 секунди до крајот, поради кој многумина го сметаат за јунак на натпреварот:

Ситуацијата налагаше токму јас да го изведам завршниот удар, кој успеав да го реализирам. Јас сум среќен што успеав да ја израдувам цела Македонија, а на репрезентацијата да ѝ обезбедам шанса за подобар пласман во групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top