| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Секоја година се борам за титулата на ОП на САД

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по победата во второто коло на последниот грен-слем оваа сезона, Отвореното првенство во САД над Андреас Хајдер Мауер, ги пофали условите за игра и целосната организација на домаќинот и најави дека и оваа година ќе се бори за титулата.
Србинот има една титула од терените во Њујорк, а од 2007 година досега учествува во секое финале.

– Од 2007 година учествувам во секое финале, и поради одредени причини не сум успеал да го освојам тој пехар неколкупати. Условите за игра се одлични, играм добар тенис и се чувствувам добро на теренот. Секоја година се борам за оваа титула, а така ќе биде и овој пат – изјави Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер во следното коло ќе игра против Италијанецот Андреа Сепи, кој беше подобар од Габашвили во сетови со 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top