Во Куршумли-ан утре, со почеток во 15 часот, ќе се одржи официјален коктел по повод отворањето на патувачката изложба на 60 фотографии објавени на порталот за западен Балкан на „Нешенел џиографик“ (National Geographic).
Порталот, како и изложбата, се по иницијатива на Советот за геотуризам на западен Балкан од „Нешенел Џиографик“, заедно со УСАИД и РЦИ, со цел потткинување на регионалниот туризам и формирање силна мрежа која понатаму ќе разработува разни иницијативи од регионот.
Земји-учеснички на оваа мрежа се Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Изложбата за првпат беше одржана во Вашингтон, САД, од 18 до 22 јуни минатата година, при промоцијата на јавното пуштање на порталот. По Вашингтон, изложбата пристигнува првин во Скопје, а понатаму ќе продолжи низ Балканот и низ Европа.
Влезот на изложбата е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.