Главните градови на Индија и Индонезија се најдоа при врвот на листатат на градови од кои туристите носат лоши спомени и не би сакале повторно да ги посетат. На „црната листа’’ што со анкета на 77.000 читатели ја направи угледниот Конде травелер магазинот, се најдоа и Москва, како и египетската метропола Каиро. На изненадување на многумина, меѓу десетте најнепосакуваби градови од страна на туристите се најде и францускиот Кан, една од најмонденските и атрактивни дестинации на Азурната обала.
На светската листа на посакувани градови, најпозитивен однос на туристите добиле Сиднеј, Австралија, Даблин од Ирска, Квинстаун од Нов Зеланд, полски Краков и Бриж од Белгија.
Објавувајќи ја листата на посакуваните и непсакуваните градови од светот, денешен Џакарта пост пренесува и еден коментар на анкетираните во кој се вели дека додека престојувал во Џакарта се чувствувал несигурно и небезбедно, а традиционалното и атрактивно локално јадење Наси паданг му била единствената утеха и малку му ја намалило траумата од престојо тамо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.