| четврток, 6 декември 2018 |

Каде е Скопје на листата градови со најдобар квалитет на живот?

На листата на „Мерцер“, што ги рангира градовите низ светот според индексот на квалитетот на живот, првото место и оваа, веќе осум години по ред, го има Виена, додека на последно место повторно се најде Багдад.

На листата на најдобри градови за живот меѓу 231 градови, Загреб, втора година по ред го зазема 98 место, Љубљана се наоѓа на 76 место, Софија е 116-та, Белград на 138 место, додека Сараево се наоѓа на 159 позиција.

Скопје се наоѓа на 161 позиција, место кое го делиме со главниот град на Индија, Њу Делхи. Тирана е на 176 место.

Виена повторно е најдобра поради својата силна културна сцена, квалитетното здравство, умерените цени на живеење и ниската цена на градскиот превоз. На второ место е Цирих, трет Оукланд, четврти Минхен, а петти Ванкувер. Во Топ 10 се и Дизледорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел.

Големите светски центри не се во првите 30. Париз е на 38 место, Лондон на 40 место, Њујорк на 44, а Токио на 47 место.

Градовите се рангираат врз основа на 40 различни фактори, како што се: политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, степенот на криминал, можноста за рекреација, културната понуда, природната околина…

Од азиските градови најдобро рангиран е Сингапур, на 25 место, а од американските градови Сан Франциско се најде на 29 место. Во Африка најпријатен град за живеење е јужноафриканскиот Дурбан, на 87 место.

Петте најлоши градови за живеење се Картум (Судан), Порт о Пренс (Хаити), Сана (Јемен), Банкуи (Централноафриканска Република) и Багдад (Ирак).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top