| четврток, 6 декември 2018 |

Во пресрет на новогодишните празници: Ова се најопасните градови во Европа

Во пресрет на новогодишните празници е зголемен бројот на туристи. Аналитичката група „Марсес“ ги издводи најопасните градови во Европа каде што има различни закани.

12. Париз, по низа терористички напади во кои загинаа стотина луѓе

11. Лондон е под будно око на полицијата поради тероризмот

10. Букурешт е на ова место поради ситниот криминал и распространетата корупција

9. Загреб е на листата поради корупцијата

8 и 7. Овие места им припаѓаат на Рига и Рим во кои преовладува проституцијата, организираниот криминал, како и заканите за терористички напади

6. Мадрид во кој често има протести поради невработеноста

5. Будимпешта е погодена со миграциската криза поради што градот често е во хаос

4. Софија, град во кој владее социјалната вознемиреност

3. Атина чиишто жители живеат во сиромаштво и невработеност, па често има насилни протести, но овде и често поминуваат и емигранти

2. Белград се најде речиси на врвот поради насилните злосторства, митото и корупцијата

1. Киев е најнесигурен град во Европа поради цивилните побуни во односите со Русија. Во Киев често доаѓа до кражби, вандализам, како и насилни протести во кои до сега животот го изгубиле над стотина луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top