НАСА направи нова алатка за предвидување кои градови ќе бидат потопени поради топење на мразот предизвикан од глобалното затоплување, објави Ивнинг Стандард.
Таа алатка откри дека Лондон е меѓу градовите кои ќе бидат зафатени поради топење на ледот на Гренланд. Од иста причина би можел да биде потопен и Дубровник, се вели во документите кои го следат истражувањето.
– Алатката за секој град дава јасна слика каде глечерите се од посебна важност, рече за Би-Би-Си еден од научниците кои учествувал во истражувањето.
Истражувањето покажа дека топењето на големите ледени површини на западниот дел на Гренланд во Европа може да влијае на Лондон, Дубровник и Тромсо, Осло, Атина, Сиракуза, Марсеј, Гибралтар и Брест.
Податоците на научниците покажуваат дека топењето на глечерите има влијание врз зголемувањето на нивото на морето во текот на 20 век, а во 21 век тоа влијание се повеќе се зголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.