Детски театарски центар, ввечерва премиерно ќе ја изведе детската претстава, предвидена за деца под 11 годишна возраст, „Деца изгубени во време”, која ќе се одржи во 19 часот, на сцената на Детски театарски центар – Скопје, во Стара Чаршија.
По премиерата ќе следат 30 бесплатни репризи за сите ученици од основните училишта од Скопје, секој работен ден од 11 и 13 часот, започнувајќи од среда.
Режија и кореографија: Ѓерѓ Превази, асистент: Лабинот Реџепи,,сценографија и костими: Крсте С. Џидров, музика: Самир Дургути.
Играат Мона Мустафа, Орхан Асани, Илир Речи, Фламур Гаши и Лабинот Реџепи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.