Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека истиот сторил кривично дело “изработка и употреба на лажна платежна картичка”.
Имено пријавениот во текот на септември 2012 година нелегално прибавил банкарски податоци од вистински странски платежни картички, односно од носителите на платежните картици, со кои извршил нелегална трансакција на македонска интернет страна која нуди онлајн продажба.
Пријавениот притоа купил компјутерска опрема со што се стекнал со против правна имотна корист од 29.980 денари. Имено од страна на домашна банка поднесена е пријава за покренување на истрага за трансакција направена со странска “Виза” платежна картичка, пријавена како фалсификувана. Според анализата на пријавата направена е една успешна трансакција со една фалсификувана платежна картичка во износ од 29.980 денари на 03.09.2012 година при што бил купен еден таблет компјутер.
Со претходно обезбедена наредба извршен е претрес во домот на пријавениот при што е одземена компјутерска опрема и при извршена форензичка анализа на истата пронајдени биле голем број на записи односно броеви од платежни картички како и целосни податоци за сопствениците вклучувајќи Име, Презиме, Улица, Град, Држава, Поштенски број, Домашен Телефонски број, Име на карта, Број на картичка со месец и година на истекување, Дата на раѓање, Банката издавач на платежната картичка и др
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.