Претседателот на Демократската партија на Албанија, Лулзим Баша изјави дека следниве денови се очекува да се објават нови докази кои откриваат дека членови на актуелната влада и премиерот Еди Рама се вклучени во поддржувањето на криминалот.
Баша го обвини Рама дека игра улога на адвокат на Саимир Тахири и на браќата Хабилај и побара лицата кои го уапсија поранешниот полицаев Дритан Загани, да бидат обвинети.
-Рама и Тахири денес се во паника и разочараност дека се соочуваат со вистината. Следните денови ќе има други новости кои откриваат вклученост на владини функционери во поддршка на криминалот со дрога. Светот не разбра и никој нема да дозволи среде Европа да има држава контролирана од криминалот. Ние ги проверуваме материјалите кој ја покажуваат врската на криминалот со политичарите а овие денови ќе ги објавиме податоите кои ги поседуваме. “. – изјави Лулзим Баша, претседател на ДП
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.