Бразилските власти одлучија да испратат во Рио де Жанеиро 8.500 војници, кои ќе помагаат во борбата против организираниот криминал, пренесува ТАСС.
Зачестените престрелки меѓу нарко-шверцери и полицијата, убиства и загинати случајни минувачи од залутани куршуми, ги принудија властите да признаат дека во последните недели голем дел од градот им е надвор од контрола.
Министерот за одбрана Раул Жунгман соопшти денеска дека се мобилизирани над 10.000 војници.
Првично тие ќе учествуваат во патроли, по што ќе се вклучат во акции против трговците со дрога. Претходно, нивните обврски вклучуваа само патролирање и дежурства во контролни пунктови.
Според експертите за јавна безбедност, ситуацијата се влошува од рецесијата во земјата, која е најтешка во последните неколку децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.