„Бинг (Витруал),… ор нот“ е насловот на изложбата од Сашо Ацковски, која вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена во „Галерија 8“ во скопскиот Безистен. Тој ќе се претстави со 20 минијатурни дела (наспроти мегаломанските глобални трендови), насликани на електронски панели со маслени бои.
При создавањето на делата авторот тргнува од фактот на се почесто и подолготрајно бегство на човекот во виртуелниот свет за сметка на активното присуство во реалниот свет. Токму затоа користи електронски плочи како носач, на кои слика ликови преземени од социјалните мрежи.
Изложбата ја организира Друштвото на ликовните уметници на Македонија, а ќе трае само една вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.