Излезе од печат најновот дело на Ѓорѓи Филипов со наслов „Разумни сили“. Книгата “Разумни сили” содржи куси написи и лични доживувања или размислувања на темите: љубов, мудрост, доблест,вистина и правда, наречени “Разумни сили кај човекот “. Притоа, на поимите не им пристапува од теолошки, религиозен, социолошки или филозофски аспект, туку од литературна, прозно-поетска гледна точка, со што тие добиваат една поинаква, динамичка компонента, подеднакво стануваќи привлечни и за љубителите на белетристиката, како и за љубителите на филозофската литература.
Промоцијата на книгата „Разумни сили“ ќе се одржи во петок (4-ти септември) со почеток во 19.30 часот во “Касапски круг” во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.