| четврток, 6 декември 2018 |

Завршна изложба на меѓународната графичка работилница „Софија“

Завршната изложба на осмата Меѓународна графичка работилница „Софија“ ќе се одржи денеска, 3 септември во Богданци.

На изложбата ќе бидат претставени делата што во изминатите десет дена ги создадоа 12 уметници графичари од Македонија, Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина, кои учествуваа на годинашното издание на работилницата.

Свеченото затворање и завршната изложба, ќе се одржи со почеток во 20 часот во галерискиот простор на Печатница „Софија“ во Богданци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top