Заводот и Музеј – Струмица на 3 септември ќе биде домаќин на групната изложба „Рудници на култура – од индустриска до уметничка револуција“.
Станува збор за изложбена турнеја, која настана во рамките на меѓународниот мултидисциплинарен проект „Рудници на културата“, чијшто иницијатор и носител е организацијата „Лабин арт експрес 21“ од Хрватска.
Целта на проектот „Рудници на култура“ е да воспостави платформа за ревалоризација, заштита и ревитализација на значајното рударско културно наследство во државите што настанаа на подрачјето на поранешна Југославија.
Рударството во поранешна Југославија не само што било генератор на општествениот развој, туку едно од ретките области каде што традиционалната поврзаност и солидарноста се негови најбитни актери – рударите подоцна се судираат со националните и новодржавни поделби.
Селекторот Бранко Франчески во изборот на своите дела ја преиспитува промената во однос на уметничката практика и општествените елементи од историската авангарда, кои иницирале излегување на уметноста од областа на производство на чиста естетска форма во секојдевниот живот и нејзината реализација во областа на политичката и општествената одговорност до современиот момент во кој критичкото размислување за реалното станал база на уметничко создавање.
Изложбата е во реализација на Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Транзен“ од Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.