| четврток, 6 декември 2018 |

Засилено обезбедувањето околу косовската влада, премиерот со блиндиран автомобил

косово

Косовската полиција го подигна нивото на бебедност околу Владата а премиерот Иса Мустафа сега има блиндиран автомобил.

Косовската влада донела 12 препораки за подигање на степенот на безбедност, а од денеска истите почнале да се спроведуваат со зголемениот простор на обезбедување околу владиниот објект, што,меѓу другото,  подразбира зголемена и повисока железна ограда. 

-Косовската полиција, поточно секторот кој се занимава со  проценката за евентуална опасност на објектите на Владата и други значајни објекти, ги доби 12-те препораки.Една од препораките е и заканата по безбедноста што се состои и од зголемување на просторот за обезбедување, изјави Арбан Абраши, портпарол на Владата во Приштина за телевизијата Топ чанел.

Абраши не потврдил ни  демантирал дека подигнаитот степен на безбедност е поврзан со последните закани на опозицијата и повиците за насилни протести по потпишувањето на четирите договори со Србија во Брисел минатата недела.

Меѓу препораките е и онаа за поставување алармни системи, како и  планот за итна евакуација на персоналот на Владата и други значајни инситуции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top