Најтрофејниот англиски клуб Манчетер јунајтед со сите сили ќе се обиде да доведе звучно име во својот состав до крајот на летниот преоден рок кој истекува вечерва точно на полноќ.
Последното име за кое испрати понуда е играчот на Монако, Антони Мартиал за кого нуди неверојатни 50 милиони евра.
Откако виде дека неможе да го доведе Герет Бејл од Реал Мадрид иако нудеше цело богатство, менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис Ван Гал се обидува да го засили нападот со суперталентираниот напаѓач на Монако.
Според информациите на „Радио Монте Карло“, медиум кој ретко греши кога се во прашање трансферите на Монако, Манчестер јунајтед испратил понуда вредна 50 милиони евра за услугите на Мартиал. Тој на 17 години беше доведен во Монако од познатата младинска школа на Лион за сума од 5 милиони евра, а сега неговиот клуб би можел да заработи и десет пати повеќе на неговата продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.