| четврток, 6 декември 2018 |

Руската атракција „Салто“ и алтер составот на Дарко Рундек – CUL DE SAC го затворија „Џез викенд“ во Прилеп

Овогодиншаниот „Џез викенд“ во Прилеп беше затворен со настапот на руската драмендбејз атракција „Салто“ и алтер составот на Дарко Рундек – CUL DE SAC.

И оваа година како и изминативе, љубителите на џез музиката имаа можност да уживаат во богатата програма со повеќе изведувачи од земјава и од странство.

Фестивалот го презентираше музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top