Во Кавадарци во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер” отворена е изложба на фотографии „Замоци, дворци и спомениците на УНЕСКО“ во Република Чешка.
Изложбата која беше поместена во централниот хол на зградата на Општина Кавадарци ја отвори градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов и заменик амбасадрот на Чешка во Македонија Ј. Брож кој зборуваше за поводот и содржината на оваа постановка на ретки фотографии.
Станува збор за впечатлива изложба на фотографии од стари замоци и дворци во Чешка кои се заштитени со закон и се споменици на УНЕСКО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


