
Црн ден за велосипедистите на трката околу Шпанија откако во несреќа во осмата етапа со потешки повреди се здобија неколку натпреварувачи.
Во масовниот судир на 50 километри до крајот на етапата најтешко повреден е 28 годишниот белгискиот велосипедист Крис Бекманс кој со тешки повреди на лицето, скршени ребра и внатрешно крвавење е во вештачка кома и се бори за живот.
Велосипедистот од Соединетите Американски држави Ти Џеј ван Гардерен заврши со скршена клучна коска, а поради повреди од Вуелта се повлекоа уште двајца натпреварувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


