| четврток, 6 декември 2018 |

Армстронг ја врати бронзата на Олимпискиот комитет

Поранешниот американски велосипедист ја врати бронзената медала која ја освои на Олимписките игри во Сиднеј во 2000. година.

Меѓународниот комитет му ги одзема медалите поради тоа што тој во јануари призна дека користел недозволени стимулативни средства во текот на кариерата.

На својот профил на Твитер напишал „Бронзата е повторно во рацете на Олимпискиот комитет на САД“.

Меѓународната велосипедска унија минатата година ми гу избриша сите резултати, му одзема седум титули и му забрани да се занимава со професионален велосипедизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top