| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер е горд на своите африкански корени

federer 1

Најдобриот тенисер на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека горд на тоа што има африкански корени.
Федерер во колумната за швајцарската банка „Кредит свис”, која е негов и спонзор на неговата фондацијата „Федерер“, наведе дека е заљубен во континентот од кој потекнува.
Мајката на Федерер, Линет потекнува од Јужноафричката Република и таа уште од мали нозе го носела во оваа земја. Популарниот Федекс кој е роден во Базел пред месец преку својата фондација донираше 13,5 милиони евра за подобрување на образовнието на младите во Африка.

federer 3

– Овој гигантски континент магично ме привлекува. Преку нашата фондација можеме да го подобриме квалитетот на образованието во многу места. Секој кој ја „почувствувал” Африка ќе има доживотна врска со овој континент. Мојата мајка потекнува од Јужна Африка, а јас од мали нозе имав контакт со Африка. Родителите првпат ме донеле во Јужна Африка кога сум имал седум месеци. Потоа, на секои две години ги посетувавме нашите роднини – пишува во дел од колумната на Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top